Кривична пријава за охриѓанец за напад на сестра си

Од:

Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ф.К.(26) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“.

Пријавениот, како што е наведено во соопштението на охридската полиција, физички ја нападнал својата сестра и и нанел повреди.

– Пријавениот, казненото дело го сторил на четврти овој месец во 08 часот и 30 минути во семејна куќа на улицата „Бекир Али Риза“. Тој физички ја нападнал својата сестра влечејќи ја и гребејќи ја со раце, со што и нанел повреди изразени во гребаници и отоци на рацете, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Би можело да ве интересира

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите

Горан Наумовски

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката