Централната банка на Чешка неочекувано ја зголеми основната каматна стапка за четвртина од процентуалните поени на еден отсто, во обид да ја спречи инфлацијата.
Таквата одлука доаѓа по зголемувањето на каматите во февруари за 0,75 проценти и во услови кога локалната валута, круната, ослабе во однос на еврото, што дополнително придонесува за зголемување на инфлацијата поради зголемувањето на увозот.
Во 2012 година, Чешката централна банка ја намали основната каматна стапка на минимум од 0,05 отсто за да и помогне на извозно ориентираната економија.