Изложба на фотографии „Морски импресии“ во Куманово

Од:

Морски импресии“ е насловена изложбата од авторот Рајко Р. Каришиќ од Белград – Република Србија која ќе биде отворена вечерва со почеток во 20 часот во изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово.
Кумановци ќе имаат можност да разгледаат 50-тина фотографии.

Каришиќ досега реализирал 100 самостојни изложби во градовите од Србија, а учествувал на двесте колективни изложби во својата земја, но и Канада, Австрија, Шпанија, Романија, Унгарија, Црна Гора, Македонија, Носител е на високото звање Кандидат мајстор на фотографијата на Фотосојузот на СЦГ.

Досега има изработено 98 авторски книги и фотомонографија. Покрај овие публикации, обработил и реализирал 21 минимонографија на манастири и цркви. Учествувал и во изработката на десет други монографии и реализирал над 100 каталози и плакати за своите изложби, за изложбите на познати сликари, каталози за ликовни колонии и собири. Активно учествувал и во работата на над 80 ликовни колонии.

Изложбата на фотографии во Куманово ќе биде отворена до 12 јули, годинава.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска