Честитка од премиерот Груевски по повод празникот Свети Сава

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.

– Историјата на Балканот сведочи за плејада на свети личности, мислители и дејци, кои преку својата неуморна просветителска и црковна дејност, и своето творештво и создавателство оставиле силни универзални вредности на балканските народи. Споменот за овие свети личности останал со векови да биде почитуван и празнуван од страна на народите, и во оваа смисла, првиот српски архиепископ – свети Сава, од секогаш бил симбол на идентификација и почит на српскиот народ насекаде во светот, и во Република Македонија. Затоа наша чест и задоволство е да го одбележиме и прославиме Денот на српската заедница во Република Македонија, заедница која е значаен дел од македонското мултиетничко општество и која како колектив, но и преку поединците кои се нејзини припадници, дава сериозен придонес во унапредувањето на економскиот, политичкиот, културниот и спортскиот живот во земјата, и влијае на општиот развој на земјата, стои во честитката.

Во неа се доава дека во духот на вредностите за напредок во кои веруваме, и обединети во идеите за создавање на дела од кои ќе имаат корист граѓаните, со заеднички сили да продолжиме со интензивните реформи, со нашите напори за подобрување на секојдневието, развој на економијата, отворање нови работни места, развој на образованието и културата, и продолжување на европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Во честитката премиерот посакувам добро расположение во текот на оваа Светосавска недела, убава домашна атмосфера, среќна слава за сите оние граѓани кои овој ден го прославуваат како своја куќна слава и многу здравје, среќа и успех на сите припадници на српската заедница во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

Во 2025 година пет продолжени викенди