Сервер: Без договор со Косово, Србија нема никакви шанси за влез во ЕУ

Од:

Американскиот дипломат и експерт Даниел Сервер изјави, во интервју за „Вечерњ новости“, дека Европската Унија сака да види нормализација на односите меѓу Србија и Косово, вклучувајќи ги и спорните проблемите во северниот дел пред да почне преговори со Белград за пристапување.

– Нормализирањето на односите со Приштина е барањето од ЕУ, за да се даде датум на Србија да започне преговори за пристапување. Треба да биде јасно, но и дека „нормализацијата“ вклучува постигнување на заемно прифатливи договори со Приштина за северно Косово, категоричен е Сервер.

Тој ја предупреди властите во Белград да нема никакви илузии дека овој процес нема да има свое „природно продолжение“.

– Ќе треба да се воспостават дипломатски односи со Косово и да разменат амбасадори, бидејќи поканата за влез во ЕУ бара согласност од сите 28 земји-членки. Повеќе од една, да не кажам целиот ЕУ ќе инсистира тоа да се случи, истакна експертот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски