Во Бугарија денеска се одржува референдум за изградба на нуклеарна централа што се смета за барометар за односите со Русија на таа членка на ЕУ.
Референдумот е распишан на иницијатива на опозициската Социјалистичка партија за да се примора Владата да ја промени одлуката – да се откаже од договорот со Русија за изградба на втора нуклеарна електрана во државата.
Референдумот се однесува за заживување на проектот за нуклеарната централа Белене, на север во државата, а последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека мнозинството граѓани ќе поддржат изградба на втората по ред нуклеарка.
Референдумот се смета за тест пред изборите во јули, но и шанса за намалување на енергетската зависност од Москва. За да бидат резултатите валидни, на референдумот мора да учествуваат најмалку 60 отсто избирачи.
Изградбата на Белене е во застој поради несогласување меѓу Бугарија и Русија во врска со конечната цена која ќе биде меѓу шест и 11 милијарди евра. За да пронајде нов инвеститор, премиерот Бојко Борисов раскина договор со руска фирма која бара надомест од 1,3 милијарди долари и се обрати до Меѓународниот суд за арбитража во Париз.