Кривична пријава за струмичанец за лажно претставување

Од:

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против  С.М (35) од Струмица,  поради постоење на основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „Лажно претставување“, соопштија денес од струмичката полиција.

Имено, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист се претставувал како претставник на правно лице специјализирано за вршење на стручни работи за безбедност и здравје при работа. Исто така тврдел дека има решение и овластувања од Министерството за труд и социјална политика.

Во неколку компании осомничениот извршил стручни дејствија кои се состоеле од изработување и спроведување обуки за вработените за безбедно извршување на работата, вршење на проценки за ризик и микроклиматски мерења, како и разни мерења на физички штетности (ниво на топлина, бучава и осветленост).

– Овие дејствија пријавениот не смеел и не можел да ги извршува бидејќи истиот немал соодветно образование и немал никакви овластувања и сертификати за вршење на таквите работи од Министерството за труд и социјална политика согласно одредбите на Законот за безбедност и здравје при работа, информираат од СВР Струмица.

На тој начин пријавениот доведувајќи ги во заблуда, нанел директна финансиска штета на лиценцираните компании на подрачјето на Струмица.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он