Полициските кадети бараат средба со министерот Спасовски

Од:

Полициските кадети од последната класа 2017/2018 година кои не добија решенија од Министерството за внатрешни работи и денеска пред МВР побараа средба и објаснување од министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски зошто немаат писмен документ дека се одбиени и од која причина.

– По објавување на ранг листата министерот е должен да донесе решение за склучување на договори според постигнатите резултати на самата ранг листа, појасни Дарко Петкоски кој е еден кандидатите кои не добиле решение.

Кадетите се жалат дека некои од објаснувањата на МВР се дека тие имале криминално досие, а појаснуваат дека кога конкурирале за обуката сите кадети поднеле потврда за неосудуваност. Кадетите бараат МВР да им се извини за таквата навреда и нагласија дека доколку полицијата смета дека се криминалци, тогаш заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу да понесе одговорност бидејќи тој ги потпишал нивните договори.

Од претходата прес-конференција на кадетите, до сега, десеттина нивни колеги добиле решение од МВР и, според нив, остануваат уште 30 полициски кадети без договор.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он