Во Барселона во салата „Палау Сант Жорди“ вечерва се игра последниот натпревар на 23.Светско првенство во ракомет. За златниот медал ќе се борат домаќинот Шпанија и европскиот првак Данска.
Репрезентацијата на Шпанија досега на шампионатот има биланс 7 победи и 1 пораз (од Хрватска во групата), додека Данска во финалето влегува со 8 победи.
На светските првенства Шпанија еднаш 2005 година го освои златниот медал, додека Данска има два сребрени медала (1967 и 2011).
Во последното финале во Шведска, Данска загуби од Франција.
За двете селекции ова ќе биде шести меѓусебен дуел на светските првенства. Данска има четири победи, а Шпанија само една.
Почетокот на финалето е во 17 часот и 15 минути.
Бронзениот медал го освои Хрватска откако вчера во „малото финале“ ја победи Словенија со 31:26.
Македонија шампионатот го заврши на 14.место.