(ВИДЕО) Стоилковски: Дали е точно дека таткото на Заев бил на суд за кражба на над 15 илјади киловати струја?

Од:

СДСМ е исплашен од фактот дека граѓаните единствен заштитник на национални и државните интереси гледа во ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот Претседателот Христијан Мицкоски, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Затоа СДСМ со ниски и приземни обиди се обидува да фрли дамка врз неговата професионална богата кариера и биографија. Обидот да се оцрнат ценети професори кои оставиле белег во академската средина, покажува колкав е очајот на СДСМ да се направи дефокус од капитулантскиот договор и согласноста за бришење на Република Македонија и на Македонците, нејзината историја, култура и традиција. СДСМ повторно го потценува народот и неговата интелигенција. Толкав е капацитетот на партијата која што ја води аболициран криминалец за криминали тешки милиони евра. Толкав е капацитетот на партијата која што ја води човек кој ја крие биографијата на сопствениот татко, рече Стоилковски.

Тој додаде дека Заев треба да одговори пред јавноста дали неговиот татко, како и тој самиот, имал проблеми со институциите и законот и бил гонет за кражба на струја.

– Дали е точно дека Панче Заев, таткото на Зоран Заев, бил на суд за кражба за над 15 000 киловати електрична енергија? Зоран Заев е должен да одговори колку Вице Заев и останатите членови на криминалниот картел го имаат зголемено капиталот откако Зоран Заев е дојден на власт. Валканите манипулации на СДСМ не минуваат кај граѓаните. Граѓаните заслужуваат власт која што ќе работи за нив и ќе ги штити државните и национални интереси, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски