СДСМ: Договорот го потврдува и зајакнува македонскиот идентитет

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со измислици, лажни вести и невистини за Договорот. ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да нанесува штети врз интересите на граѓаните и државата.

Не се точни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ.

Не се брише ништо, ниту Крушевската Република, ниту АСНОМ. ВМРО-ДПМНЕ не знае што зборува, лаже. Напротив, со Договорот се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на државата.

Му се допаѓало тоа или не на ВМРО-ДПМНЕ, Договорот го потврдува и зајакнува македонскиот идентитет. Македонски јазик, македонска култура, Македонец, Македонка, македонско оро, се утврдени и загарантирани термини и никој повеќе нема да може да ги негира и оспорува како што се случуваше досега.

Ако при вака јавно објавен и достапен Договор, ВМРО-ДПМЕ безобразно лаже, логично се поставува прашањето дали во ВМРО-ДПМНЕ постои елементарно непознавање или свесно и намерно се работи на деструкција со цел Македонија да остане изолирана држава, надвор од интегративните процеси, надвор од ЕУ и НАТО?

Каков проблем има ВМРО-ДПМНЕ е прашањето што се поставува по вакви изнесени невистини“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата пола ни се исели, а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

А1он

Шукова: Градот го претворија во џунгла

А1он

Филипче: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

А1он

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски на состаноци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова: Скопје мора да се развива паметно, не може веќе да се бориме со хаосот, скопјани заслужуваат многу подобро

Герасимовски: Итно копче 24/7, бесплатни стоматолошки прегледи и домашна нега за пензионерите

Горан Наумовски