Заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска, на денешната прес-конференција информираше дека Омбдусманот го разгледува случајот со нападот врз демонстрантите пред Собрание кога припадниците на полицијата фрлија солзавец кон лицата кои протестираа против промена на името и Уставот.
„Отворени се претставки кои пристигнаа од неколку лица, присутни на протестот. Се следи целиот случај и наскоро ќе се преземат мерки“, рече Бајрамовска.
Виктор Јованов