Активности за подобрување на водоснабдувањето во Виница

Од:

Во општина Виница во тек се градежни активности што ги реализира комуналното претпријатие „Солидарност“ за да обезбеди дополнителни количини вода за пиење за дел од жителите на градот и населените места.

Покрај постојните извори за јавната водоводна мрежа, при крај е поврзувањето на изворот Дончово Кладенче со што во текот на летниот период ќе се избегне недостигот од вода во горната зона на Виница.

– Со оваа инвестиција ќе оствариме заштеда на електрична енергија за околу шест пати, бидејќи сега водата се препумпува со неколку пумпи од седум киловати, а наскоро тоа ќе се прави само со една пумпа со притисок од 16 бари. Поврзувањето го правиме со нова цевка што ќе обезбеди поголем проток на вода, поради што очекуваме прекините во водоснабдувањето за дел од жителите да стане минато, истакна директорот на ЈКП „Солидарност“, Игор Христов.

Со поддршка од локалната самоуправа, виничките комуналци работат и на реконструкција на дел од главната водоводната линија за селото Јакимово, како и на цевководот од излезната линија кон селото Лески.

Паралелно со овие активности се комплетира и втората фаза од реконструкцијата на деталната водоводна мрежа во Виница во должина од 3,7 километри, при што се работи на приклучување на корисниците.

Покрај водоснабдувањето, од ЈКП “Солидарност“ најавуваат дека од почетокот на идниот месец ќе започне реконструкцијата на два крака во должина од 200 метри на канализациската мрежа во селото Трсино.

Би можело да ве интересира

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени