ВИДЕО: Македонските затвори во катастрофална состојба, затворениците одат во тоалет без врата, вели Народниот правобранител

Од:

По ненајавените посети на Народниот правобранител, на затворите во Скопје, Струмица и Куманово, констатирани се крајно лоши услови за сместување на притворените и осудените лица, сериозен недостаток на професионален и стручен кадар, што влијае на остварувањето на правата на притворените лица во процесот на ресоцијализација.

– Станува збор за нечовечки услови, хигиената е на најниско ниво и на притворените им е ускратено правото на непречена здравствена заштита и остварувањето на други права за време на издржувањето на мерката притвор или казната затвор во казнено-поправните установи, рече заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска.

„При посетата во 2017 година констатиравме повреда на правото на приватност и деградирачка состојба на притворените и на осудените лица, затоа што дел од тоалетите се без врата, па лицата заради обезбедување на некаква приватност мора да закачуваат ќебиња или да се снаоѓаат на друг начин“, вели Бајрамовска.

„Затекнатите лоши материјални услови, несоодветната опременост на просториите за сместување, влагата и недоволното затоплување, нефункционалниот систем на повикување, се само дел од причините за кои Народниот правобранител препорача итно преземање мерки за санација на овие затвори“, изјави заменик народниот правобранител.

Според Народниот правобранител од разговорот со притворените во затворите добиле информации исто така дека често се случува притворените лица да бидат навредувани на национална основа, особено припадниците на ромската заедница, како и грубо однесување на претресите од страна на службените лица, на понижувачки и дрзок начин.

Исто така замерка на Народниот правобранител е недостигот на медицински персонал во затворските установи поради што често изостанува преглед во првите 24 часа при прием на нови осудени, а на лицата сместeни во просториите за изолација не им се вршат секојдневни прегледи од страна на лекарот иако истото е законски задолжително.

„Медицинската заштита во затворите се одвива во услови на недостаток на здравствен и медицински кадар, а забележана е и неопременост на амбулантите со соодветна апаратура и лекови. Во затворите по 20 часот нема обезбедено присуство на здравствен персонал од било кој профил“, рече Бајрамовска, по што додаде дека особено незадоволителна е состојбата во затворот во Струмица, каде еден доктор од општа пракса и една медициска сестра од Здравствениот дом во Струмица доаѓаат само два пати во неделата по неколку часа.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он