НКЕУ-МК ќе ја одржи втората сесија на Работната група – Социјална политика и вработување

Од:

Националната конвенција за Европската унија во Македонија (НКЕУ-МК) денеска ќе ја одржи Втората сесија на Работната група 2 – Социјална политика и вработување (Поглавје 19), на тема „Регулирање на новите (флексибилни) форми на вработување во реформите на работните односи во Република Македонија“.

На сесијата ќе се разгледаат прашањата поврзани со вработувањето и
регулацијата во доменот на трудот како исклучително значајни за општествениот развој, стабилноста и европската перспектива на Македонија.

Акцентот на дебатата ќе биде ставен врз новите движења во доменот на трудот, нивно дефинирање и препознавање во реалноста, со цел тие да го добијат својот општествен легитимитет.

На дебатата ќе се вклучат претставници на релевантните институции, претставници на академската средина, граѓанскиот сектор, релевантни меѓународни здруженија и други заинтересирани стручни лица.

Учесници во сесијата ќе бидат Јована Тренчевска, државен секретар во Министерство за труд и социјална политика, Нано Ружин, ректор на Факултетот за политички науки и дипломатија на ФОН, како и Даниел Гербери, професор по социологија и социјална статистика на Универзитетот „Јан Амос Коменски“ од Братислава.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната