(ВИДЕО) Стоилковски: Медиуми, политичари и институции веќе почнуваат да ја ословуваат земјава како Северна Македонија

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција рече дека обврските преземени со Договорот со Грција се косат со македонскиот Устав, македонската наука, историја како и со македонската идентитетска посебност.

„Реализацијата на договорот значи сечење на корените на цела нација. Бришењето на Македонија и придавките кои произлегуваат од Македонија од Уставот, се неприфатливи за Македонците кои не се сложуваат доброволно да бидат избришани и претворени во нова вештачка креатура, нација без корен и посебност.

ВМРО-ДПМНЕ како предводник на опозицијата не се согласува со ваков штетен договор и ќе се спротивстави на неговата реализација. Македонските евро и евроатлански интеграции не треба и не смее да бидат поврзувани со договор кој предвидува бришење на македонската држава и народ.

Имајќи ја предвид улогата на меѓународната заедница во која Република Македонија има свое место, цениме дека ваквите постапки креираат лажна слика за вредностите кон кои цели и Република Македонија. Дотолку повеќе што вакво однесување е во корист на противниците на македонските интеграции, што не е добро за стратешките интереси на Република Македонија.

Последиците на штетниот договор Македонците веќе ги чувствуваат, иако истиот се уште не стапил на сила. Медиуми, политичари и институции веќе почнуваат да ја ословуваат Република Македонија како Северна Македонија, а граѓаните кои се родиле, живееле и создавале како Македонци, да ги ословуваат како северномакедонци.

Веруваме дека решението на проблемот кој што Грција го имаше со нашето име може и мора да биде поправично, а не на штета на македонските национални интереси. Доколку Зоран Коте Заев го искористеше меѓународниот интерес за решавање на проблемот и преговараше мудро без однапред најавена капитулација, тогаш ќе можеше да се најде и поприфатливо подостоинствено решение.

Договорот нема поддршката во јавноста. Договорот ги крши и Уставот и законите во државата на кој се однесува. ВМРО-ДПМНЕ нема да се поколеба ниту милиметар во своите ставови во однос на овој срамен и капитулантски Договорот за името кој за нас е неприфатлив.

ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на народот и во одбрана на Уставот, интересите на државата и на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија.

Зоран Заев ќе понесе одговорност за антидржавните политики, а Македонија ќе победи“ рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад