Европската комисија денеска изрази надеж дека Турција ќе остане посветен партнер и по вчерашната победа на Реџеп Тајип Ердоган на претседателските избори.
– Се надеваме дека под раководство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Турција ќе остане посветен партнер на Европската унија во главните подрачја кои се од взаемен интерес, како што се миграција, безбедност, регионална стабилност и борба против тероризмот, изјави портпаролот на Еврокомисијата.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг му честиташе на Ердоган на реизборот за претседател на државата и потсети на клучните вредности на Северноатлантскиот сојуз.
– Сакам да му честитам на претседателот Ердоган на реизборот и исто така, сакам да му честитам на турскиот народ кој во голем број се одзва на изборите, рече Столтенберг пред средбата на министрите за надворешни работри во Лукембург.
– НАТО се темели на неколку клучни вредности – демократија, владеење на правото, слобода на поединците. Лично, придавам особено значење на тие вредности и потсетувам на нивната важност во бројните престолнини на државите-членки на НАТО, вклучувајќи ја и Анкара кога таму се среќавам со турските функционери, додаде Столтенберг.
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски му честиташе на Ердоган на изборната победа, а станало збор и за продлабочување и подобрување на билатералните врски.
На вчерашните избори Ердоган освои 53 отсто од гласовите, а неговата Партија на правдата и развојот доби 42,5 отсто од гласовите.