ИД со ултиматум до Владата на Ирак

Од:

Екстремистичката група Исламска држава вчера објави видео снимка со заложници и бара да се ослободат сите сунитски жени од ирачките затвори.

ИД и даде рок од три дена на ирачката Влада да ги исполни барањата, а во спротивно ќе бидат униени шестте заложници, за кои тврдат дека се полицајци и припадници на милицијата.

Видеото е објавено една недела откако ИД соопшти дека киднапирала 17 полицајци и припадници на ирачките Народни сили за мобилизација, кои воглавно се составени од шиитски групи кои се борат на страната на ирачките безбедносни сили.

Портпаролот на ирачката армија соопшти дека е запознаен со содржината на видео снимаката и дека се трага по одговорните од ИД.

– Нема да не уценуваат и ќе ги најдеме каде и да се, изјави бригадниот генерал Јахја Расул.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак