И во следната недела штрајкови во Грција

Од:

По штрајкот на вработените во градскиот транспорт во Атина оваа недела, во следната се најавени нови протести, објави денеска весникот Катимерини.

Следната недела ќе штрајкуваат лекари, медицински сестри и вработени во поморскиот сообраќај.

На 31 јануари лекари и останати вработени во државни болници ќе организираат 24-часовен штрајк заради плановите на владата за реорганизација во здравствениот сектор.

В петок на 1 февруари, синдикатот на државната администрација објави запирање на работата заради протести против реформите во здравството.

Вработените во поморскиот сообраќај ќе организираат 48-часовен штрајк од четврток бидејќи сметаат дека плановите на владата во сферата на поморскиот сообраќај ќе предизвикаат загуба на работни места.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната