Меѓународна изложба на мејл-арт,поштенска коресподенција ќе биде поместена на Широк сокак-Битола ДА+ДА 102, во рамки на 17-тиот Арт фестивал „Битола Отворен град“.
Уметнички минијатури од 30-тина земји како Сад, Русија, Франција, Италија и Холандија испратени во форматот на поштенски картички и писма како пораки против војната, политичката репресија, расна и сексуална дискриминација, еколошките катастрофи, затворени општества, право на слободно изразување, национализмот… се еден сегмент од урбаната поставка на Младински Културен Центар-Битола во колаборација со визуелниот уметник Златко Крстевски.
Пораките се упатени до случајните минувачи, странски туристи културната публика, младите …