Македонскиот каратист Ненад Келебиќ освои бронзен медал на Медитеранските игри, откако го совлада Португалецот Жоаким Мендес со судијско изјаснување 3:2 (2:2).
Со овој успех Келебиќ и го донесе првиот медал на Македонија во Тарагона.
Каратистот Емил Павлов остана без медал откако во полуфиналето беше поразен од претставникот на Мароко, Абделсалам Амекнаси, а во борбата за бронзен медал загуби од Турчинот Ерај Самдам.