Град Скопје ќе го реконструира Планинарскиот дом на Водно

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска го посети Планинарскиот дом на Водно, кој на барање на планинарите ќе биде реконструиран.

– Градот Скопје на барање на планинарите одлучи да го уреди Планинарскиот дом на врвот на Водно. Овој Планинарски дом е викенд свратилиште за голем број рекреативци, планинари и спортисти, гордост на градот и едно од омилените места од кое Скопје може да се види како на дланка. Овој Планинарски дом долго време беше оставен на грижата на извесен број ентузијасти од Планинарскиот спортски клуб Бистра и други љубители на планинарењето кои се грижеа за одржувањето на овој објект и покрај ограничените услови за негово нормално функционирање, истакна Шилегов.

Градот Скопје заедно со градските претпријатија ги обезбедија основните услови за престој во Планинарскиот дом, односно конечно е решен проблемот со водоснабдувањето на домот и во употреба е пуштен новиот тоалет.

– Почнати се и активности за урбано уредување на просторот, поставени се клупи, маси, летниковец, изработен е детски парк, поставени се корпи за отпадоци. Проектот за реконструкција на домот вклучува и комплетна реконструкција на покривот и двата ката, и комплетно опремување на домот со цел подобрување на условите, посочи Шилегов.

Шилегов во оваа пригода ги повика државните институции и компаниите со општествена одговорност да се приклучат во реконструкцијата на Планинарскиот дом на Водно со цел тој да прерасене во спортско-рекреативен и културно забавен центар на граѓаните на Скопје, како и за сите домашни и странски туристи.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош