Египетскиот национален совет за безбедност, на чие чело е претседателот Мохамед Морси, денеска ги осуди уличните насилства и повика на национален дијалог со цел решавање на политичките разлики.
Министерот за информации, Салех Абдел Махсуд, по состанокот изјави дека Советот може да разгледа прогласување вонредна состојба или полициски час во области каде е неопходно.
Во судирите во египетскиот град Порт Саид, кои почнаа откако суд изрече смртна казна за 21 лице, денеска загинаа 30 лица и над 300 се повредени.
Немирите беа предизвикани од жители на градот што се незадоволни од судските смртни казни за одговорните во насилствата на фудбалски натпревар лани, кога загинаа 74 луѓе.