(ВИДЕО) Костадинов: Цел демократски свет го поздрави Договорот со Грција

Од:

„За една година, Владата предводена од СДСМ, преку успешната надворешна политика, преку градење пријателства, сојузништва, реформи и решавање на проблемите ја врати Македонија на вистинскиот, на евро-атланскиот пат.

Од заробена и изолирана земја, денес Македонија е пример за решавање на отворени прашања во интерес на граѓаните. Почитувана држава – партнер и пријател со соседите и светот.

Постигнат е историски Договор со кој се решава деценискиот спор што земјава ја влечеше надолу. Македонија оди напред, обезбеден и зајакнат е македонскиот идентитет, отворени се вратите на НАТО и ЕУ.

Успесите и лидерството се проепознаени од целиот демократски свет“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Германската влада вчера препорача отворање на преговорите со Македонија за полноправно членство во ЕУ. Холандскиот парламент веќе гласаше за преговори со Македонија.

Северноатлантскиот совет прифати поканата за влез на земјава во НАТО да биде ставена на дневен ред на следниот самит на Алијансата.

Европската комисија, Европскиот парламент, Стејт демартментот, НАТО, Обединетите нации, Австрија, Бугарија, Германија, Британија…се само дел од демократкиот свет којшто го поздрави лидерството на Македонија и Грција во решавањето на деценискиот спор.

Британската премиерка Тереза Меј го честиташе постигнатиот Договор и изрази надеж за придобивките, како за Македонија, така и за целиот регион. Германската Канцеларка, Ангела Меркел исто така го поздрави Договорот и најави силна поддршка.

Ваквиот успех на меѓународен план, влијае и врз позитивните движења во економијата, раст на платите, повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард.

Стабилноста на општеството обезбедува зголемување на инвестициите, на индустриското производство, се отвораат нови фондови, нови развојни линии и нови работни места.

Пред сите нас е историска можност. Граѓаните на рефернедум ќе го имаат последниот збор.

Да ја искористиме таа шанса. На референдум одлучно да кажеме ДА за гарантиран македонски идентитет, одлучно да кажеме ДА за влез во НАТО и ЕУ, да кажеме ДА за македонската иднина“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат