Во организација на Детскиот ликовен центар во Струга и Охрид од денеска до 30 јуни по 12-ти пат ќе се одржи Традиционалниот ликовно-образовен камп „Ванѓел Коџоман“.
Учесници на кампот се 35 млади ликовни таленти со нивните ментори-професори по ликовно образование од училиштата во Република Македонија на возраст од 11 до 16 години.
Младите учесници ќе цртаат и сликаат во следните материјали: молив, графит и пастел на цртачка хартија, акрилни бои и комбинирана техника на платно, подготовка и печатење на графика во техниката линорез со најразлични карактеристични познати и непознати мотиви во Струга и Охрид, (староградска архитектура, познати манастири и цркви-во Калишта, Радожда – Струга, Св.Наум, Плаошник, Св. Канео, Св.Софија-Охрид, Охридското Езеро, Самоиловата тврдина.
Младите учесници ќе ја посетат и поставката на ликовни дела во Галеријата „Ванѓел Коџоман“, спомен-куќата посветена на Браќата Миладиновци во Струга, како и други познати знаменитости.
По завршувањето на ликовната колонија ќе се организира и ликовна изложба од со најуспешните 80 ликовни творби кои ќе бидат изложени во Кинотека на Македонија.