(ВИДЕО) Ристов: Опозициската СДСМ ветуваше стопирање на 29 ДУП-ови во Карпош, а како власт молчи

Од:

Владејачката СДСМ не го поддржа барањето на Левица и коалицијата О2 за носење одлука за запирање на 29 урбанистички планови за кои беа приложени аргументи за прекршување во процедурата за изградба на згради во Карпош иако во предизборната кампања држеа прес-конференции и ги спореа овие ДУП-ови, рече Бранко Ристов, советник од Левица во општина Карпош.

– СДСМ додека беше во опозиција ги спореше овие 29 ДУП-ови и за нив претставуваа уште еден криминален бизнис на тогашната власт, а сега молчат, рече Ристов.

Советникот од Левица на седницата на советот на Карпош, на 5-ти јуни испратил барање за носење одлука за запирање на овие 29 урбанистички планови, но барањето било одбиено со образложение дека се работи за комплексен процес и е потребно време да се разгледа и процесоира истото. Согласно овој заклучок Ристов на 19-ти јуни повторно побарал точката да се стави на дневен ред, односно на 12-тата седница на советот која би требало да се одржи во јули за кога се надева дека овој пат точката ќе биде прифатена.

– Масовната узурпација на јавниот простор преку градежна експанзија која беше аминувана од минатата гарнитура е еден од најзначајните проблеми на жителите на Карпош. Овие ДУП-ови не само што создаваат еколошки проблеми, туку и инфраструктурни. Овој проблем беше главното барање на жителите на општината. Со оглед на тоа дека се работи за згради во фаза на изградба потребно е брзо делување по овој предмет, рече Ристов, по што додаде дека една од спорните згради е и зградата на „Настел“, во која неодамна избувна пожар.

Ристов исто така истакна дека една граѓанска иницијатива за останување на законитоста и уставноста на постапката за донесување на четири ДУП-ови е веќе поднесена до Уставен суд, но веќе шест месеци немаат никаква правна разврска со што смета дека се доведува во прашање ефикасноста и непристрасноста на функционирањето на Уставниот суд.

– Политичките субјекти во државата и самите институции преки нивната негрижа за граѓаните креираат ситуација на перманентна битка со ветерници, каде што граѓаните се препуштени сами на себе да се борат за своите основни човекови права, вели Ристов.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште

А1он

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство