Мерцедес стравува за извозот на американски теренци во Кина

Од:

Германскиот производител на луксузни автомобили и камиони Дајмлер денеска предупреди дека трговските тензии меѓу САД и Европската Унија почнале да се одразуваат на продажбата на автомобилите Мерцедес и другите нивни брендови.

Компанијата најави дека ќе ги ревидира своите проценки за продажбата за 2018 година, откако трговскиот спор го доведе во прашање извозот на возила Мерцедес произведени за кинескиот пазар во фабриката на Дајмлер во американската сојузна држава Алабама. Европската Унија планира од утре да воведе давачки од 25 проценти на низа американски производи кои се извезуваат во Европската Унија, а Кина најави воведување давачки на неколку стотици американски производи. Дајмлер стравува дека кинеските давачки за Мерцедес теренците произведени во САД може да ја чинат компанијата над 250 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски