• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за охриѓанец за „лажно претставување“ и „фалсификување исправа“

by А1он21/06/2018 - 12:10130
Share0

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство во Прилеп поднесе кривична пријава против Т. Д (46) од охридското село Велгошти, вработен во КОМПОЗИТНА ОПРЕМА ДООЕЛ Прилеп, заради постоење на основи на сомневање за сторени кривични дела „лажно претставување“ и „фалсификување исправа“.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти МВР, пријавениот со намера за себе и за друг да прибави противправна имотна корист, лажно прикажал односно се претставил дека е управител на фирмата и во такво лажно својство склучил два писмени договори со фирмата Ројал Логистик Интернационал ДООЕЛ Скопје, каде предмет на договор била купопродажба на 1.300 транспортни торби и 630 конфекциски елеци со додатоци, за што е овластен само управителот, со што прибавил за себе, а на штета на фирмата, сума од 7.833.375 денари, а дополнително ќе се утврди штета за вториот договор.

Лицето И.С. поранешен управител на фирмата Композитна Опрема ДООЕЛ Прилеп на ден 31.10.2017 година поднесол неотповиклива оставка, која на 05.12.2017 била внесена и спроведена во Централен Регистер на РМ со Решение, а притоа доставил писмено барање со кое бара стечајниот управник да донесе одлука за промена на управител на фирмата и да го именува пријавениот Т.Д за управител.

– И.С. исто така на ден 06.09.2017 во својство на управител на фирмата донесол Одлука со која го овластил пријавениот, да ги презема сите активности во име и за сметка на фирмата за период од 11.09.2017 – 13.10.2017, и во таа одлука било предвидено И.С да ги врати печатот и штембилот од Друштвото и истите да ги задолжи пријавениот. И покрај барањето, Управител на фирмата бил назнечен дури на 03.05.2018 година, се наведува во соопштението од МВР.

Констатирано е дека истиот во својство на Управител на фирмата Ројал Логистик Интернационал ДООЕЛ Скопје никогаш не склучил купопродажни договори со Композитна Опрема Прилеп. Во моментот на склучување на договорите на 01.12.2017 и 20.12.2017 година сопственик и управител на споменатата фирма било лицето В.Д. – син на пријавениот, што укажува на сомнение дека се работи за фалсификуван потпис односно за изработка на исправа со невистинита содржина.

Меѓу останатото, како што е наведено во соопштението, фирмата Ројал Логистик Интернационал Скопје не е регистрирана за производствена дејност, туку приоритетна дејност и е трговија на големо со делови и прибор за моторни возила и поправка на останата опрема т.е наместо да ги изработи, фирмата извршила набавка од трговската мрежа (увоз од странство преку царински склад), а не ги изработила преметите на договорот. Исто така, вредноста на увезените предмети по договорите пријавениот повеќекратно во зголемен износ ја фактурирал на сметка на фирмата во која е вработен, а за која лажно се претставувал дека е управител, со што се стекнал со противправна имотна корист, а на штета на Композитна Опрема ДООЕЛ Прилеп. Причинетата штета се однесува и на фактот што фирмата Композитна Опрема ДООЕЛ Прилеп е овластен увозник и нема никаква потреба од набавки преку вакви фирми како посредници.

mvr

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Горан Наумовски27/01/2026 - 16:49

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:23

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски26/01/2026 - 09:4426/01/2026 - 10:06

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:59

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он20/01/2026 - 15:3820/01/2026 - 15:38

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он12/01/2026 - 19:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен