Изложба на Снежана Колевска во Крива Паланка

Од:

Дваесет дела во разни формати од уметницата Снежана Колевска од Скопје се изложени од синоќа во изложбениот простор на Национална установа Центар за култура Крива Паланка.

– Ова е прва самостојна изложба на Колевска, која ја реализира кривопаланечкиот Центар за култура како проект поддржан од Министерство за култура. Честитки за креативните моменти сублимирани под насловот „Моите погледи се некаде залутани”, и посакувам да направи бројни изложби во иднина, рече Вања Јакимовска, директор на НУ Центар за култура, Крива Паланка.

Колевска талентот од детството го негува низ животот учествувајќи на бројни ликовни конкурси, каде освојува награди и признанија, а оваа самостојна изложба следува по учеството на неколкуте групни изложби.

Делата се работени во техника масло на платно, а специфични се по начинот на изработка, зашто Колевска слика со прсти, наместо со четка.

Од НУ Центар за култура, Крива Паланка истакнаа дека изложбата во соработка со центрите за култура од Североисточниот регион ќе биде претставена и во соседните општини, а подоцна и во останатите градови од Македонија.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска