Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош и Илинден утре без струја

Од:

Дел од корисниците од улицата „Томе Арсовски“ во општина Кисела Вода утре од 11:00 до 13:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Кузман Шапкарев“ и „Беаз Куле“ во општина Ѓорче Петров, од 7:45 до 15:30 часот корисниците од населба Бунарџик, новата населба Јака, Илинден, населбата Бела Земја во село Марино, како и фирмите Мај Маркет, Гранд Експорт и Мак Инвест во Марино во општина Илинден, а од 9:00 до 14:00 часот дел од корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на „ЕВН Македонија“ АД.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја