Ништо од трансферот на македонскиот репрезентативец Ферхан хасани во Динамо Загреб.
Хасани веќе една недела претстојуваше во Загреб и беше пред договор со Динамо но падна на лекарските прегледи каде му е отркиена повреда која треба да се лекува подолго време.
„Динамо реши да се откаже од работата со Волфсбург околу ангажманот на Ферхан Хасани, затоа што на лекарските прегледи му е откриена повреда која треба да се лекува подолг период, затоа решивме Хасани да не доаѓа во Динамо. Жал ни е што работата не се заврши до крај, на Ферхан му посакуваме успех во понатамошната кариера“ вели Зоран Мамиќ за официјалниот сајт на Динамо.