ВИДЕО: Нов Објект за тактички вежби – куќа за пукање во Ѓорче Петров

Од:

Изградбата на овој нов и модерен објект за вежби, кој е изграден благодарение на донацијата на Владата на САД во висина од 900.000 долари, ќе овозможи унапредување на вештините на безбедносните сили на Република Македонија, рече министерот Оливер Спасовски денеска на пуштањето во функција на новоизградениот објект за тактички вежби – куќа за пукање, кој е сместен во полицискиот комплекс во Ѓорче Петров, а е наменет за потребите на припадниците на Министерството за внатрешни работи.

„Особено сум благодарен на соработката и пријателството со претставниците на Меѓународната програма за обука и помош при вршење кривични истраги (ИЦИТАП) и Европската Команда (ЕУКОМ). Со САД имаме многу полиња на заеднички интерес и меѓусебна поддршка. Едно од клучните полиња на поддршка е полето на обуките и донирањето на опрема кои се насочени кон засилување на професионалните капацитети на полицијата. Нашите досегашните заеднички ангажмани претставуваат одличен пример за искрена соработка и пријателство“, рече Спасовски.

Амбасадорот на САД Н.Е. Џес Бејли потенцира дека овој објект за тактички вежби е наменет да им помогне на професионалците за спроведување на законот во Македонија за тие подобро да им служат на граѓаните на Македонија.

„Тие ќе можат да спроведуваат обуки за огнено оружје и тактички обуки во модерен објект, а воедно ќе можат и да бидат домаќини на нивни колеги од други земји при организирање регионални обуки. Се надевам дека овој модерен објект за вежби ќе ви биде корисен при подобрувањето на обуките и ефикасноста во тешката работа која ја вршите“, рече амбасадорот Бејли.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он