СДСМ: Собранието кажа ДА за македонската иднина

Од:

„Собранието денеска кажа ДА за македонската иднина.

Конечниот Договор за решение на 25 годишниот спор што ја влечеше земјава надолу ги отвора евроатланстските перспективи.

Веста дека Северноатлантскиот совет прифатил поканата за влез на Македонија во НАТО да биде ставена на дневен ред на следниот самит на Алијансата е уште една потврда дека Договорот е патриотски чин кој обезбедува сигурна иднина на државата, на граѓаните.

Лидерството е препознаено, Македонија чекори кон целосна интеграција во НАТО и ЕУ.

Со Договорот се зајакнува и заштитува македонскиот идентитет, никогаш повеќе да не биде негиран или оспоруван.

Договорот е историска можност за македонската иднина.

Конечниот збор за решението ќе го имаат граѓаните. Убедени сме дека на референдумот, граѓаните ќе кажат ДА за обезбеден и гарантиран македонски идентитет, ДА за целосна интеграција во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат