Почнува летната серија трки на плажа

Од:

Со трка во Скопје започнува серијата трки покрај вода Beach Run што ги организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Планирано е да се одржат вкупно пет трки на туристички дестинации покрај вода. Покрај онаа во Скопје, во сабота ќе се одржи трка во Претор, на 7 јули во Дојран, на 22 јули во Маврово и завршната трка ќе биде на 29 јули во Охрид.

Првите три трки се на пет километри, а во Маврово ќе се трча полумаратон. Трката во Охрид ќе биде на 10 километри.

Организаторот информира дека може да учествуваат сите оние кои го сакаат трчањето. Остварениот резултат на секоја од трките носи соодветен број бодови според кои се формира табела со резултати, чиј финален исход ќе ги даде победниците на летната лига во трчање.

За победниците на секоја од трките и на целата лига е обезбеден награден фонд од 164 илјади денари. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат 3.000, 2.000 и 1.000 денари, а за првите три места во вкупниот пласман се обезбедени ваучери и тоа за трето место ваучер за спортска опрема од 6.000 денари, за второ ваучер за спортска опрема од 12.000 денари и за прво место спортски часовник Garmin Forerunner 935 во вредност од 34 илјади денари.

Пријавувањето за учество се врши преку веб страната www. prvdovrv.mk.

На минатогодишното издание на серијата трки учествуваа 500 учесници.

Би можело да ве интересира

Виртуелна есенска трка во трчање „Прв до врв“

Ана Ололовска

Посебен режим на сообраќај поради трката „Прв до врв“ во Скопје

А1он

Пристапот кон Водно утре затворен за сообраќај поради трката „Прв до врв“

Жарко Настоски

Осмото издание на „Прв до врв 2020“ ќе се одржи на 27 септември

Ана Ололовска

„Прв до врв“ организира виртуелни трки на Водно и во трчање

Ана Ололовска

По Шести пат Прв до врв

Ана Ололовска