Општина Крива Паланка и музејот објавија конкурс за самостојно реализирани публикации и продукти

Од:

Локална установа градски музеј, Крива Паланка распиша конкурс за откуп на самостојно реализирани публикации и продукции. Во координација со локалната самоуправа на општина Крива Паланка финансиски ќе биде поддржан откуп на триесет творби од кривопаланечки автори.

– Во координација со градоначалникот беше усвоена идејата еднаш во две години да се откупуваат реализирани продукции и публикации, творби од локални автори кои ќе бидат поставени во сувернирницата , каде покрај сувенири од регионот ќе бидат понудени на посетителите и туристите и ќе се промовира и афирмира локалното творештво. Ќе с еоткупат публикации: романи, стихозбирки, книжевни и научни трудови, како и продуцирани цд-а и двд-формати на видео и музички спотови на музичките состави, групи и изведувачи со потекло или место на живеење од Крива Паланка, реализирани до 2017 година, информира Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка.

Според критериумите ќе бидат откупени најмногу по 30 примероци од еден автор, а право на учество имаат :правни и физички лица од општина Крива Паланка, издавачи на понудената публикација, автори кои самостојно ја издале публикацијата, автори кои ќе приложат писмено известување од издавачот дека им е отстапен дел од тиражот како надомест за нивниот труд.

– Целта на конкурсот е стимулирање н акнижевното и музичко творештво на локалните автори и творци, збогатување на библиотечниот фонд на културните установи во градот како и збогатување на понудат аво продавниците за сувенири со побликации од локални автори и творци, додава Величковски.

Краен рок за аплицирање на конкурсот е 10 јули 2018 година, а за учество во истиот се пополнува пријава достапна на веб странициет на општина Крива Паланка њњњ.кривапаланка.гов.мк или на ФБ –фан страната на градски музеј, Култура и духовност-Крива Паланка.

Пополнетата пријава се испраќа до ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, каде сите заинтересирани можат да добијат и подетални информации за конкурсот.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид