ВИДЕО: Министерот Спасовски на работен состанок во Брисел

Од:

Денешниот состанок даде можност за дискусија за заедничките предизвици и соработката помеѓу Европската Унија и Западен Балкан во областа на миграцијата, безбедноста, граничното управување и визната политика. Посебно се осврнавме на најновите случувања во врска со илегалната миграција во регионот и оперативните мерки за нивно решавање, стои во заедничкото соопштение на Комесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство на ЕУ, Димитрис Аврамопулос, Комесарот за безбедносна унија, Џулијан Кинг, министрите за внатрешни работи на Западен Балкан и на сегашното и идните претседателства на Советот на Европската Унија по денешниот работен состанок во Брисел.

„Надоврзувајќи се на приоритетите на Стратегијата за Западен Балкан, разговаравме и за тековната работа во областа на миграцијата, безбедноста, граничното управување и визната политика, во контекст на претстојниот министерски состанок за внатрешни работи на ЕУ и Западен Балкан кој ќе се одржи на 4 и 5 октомври во Тирана. Се согласивме дека обезбедување ефективно гранично управување, борбата против криумчарењето и заедничките напори за спречување на илегалните миграциски текови остануваат врвни приоритети и за ЕУ и за Западен Балкан. Партнерите од Западен Балкан, исто така, се заложија за продолжување на заедничките напори во решавањето на феноменот на странските терористички борци, спречување на насилен екстремизам и радикализација и засилување на борбата против недозволената трговија со огнено оружје“ стои во заедничкото соопштение до медиумите.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он