Меѓународниот саем на уметност „Ин ситу“ (In Situ Art Fair) кој досега беше познат како „Паратисима Скопје“, го објави повикот за петтото издание кое ќе се одржува од 13-ти до 15 септември во Младинскиот културен центар.
Повикот за учество во поставката за визуелни уметности, оваа година курирана од Ана Франговска, ќе биде отворен до 15 јули (https://insitu.mk/mk/otvoren-
Саемската програма посветена на архитектурата ќе ја курираат Слободан Велески и Марија Мано Велевска и ќе избере странски предавачи кои во соработка со локалниот сектор ќе имаат можност да почнат размена и соработки.
– За своето петто издание оваа година саемот на уметности се ребрендира, постанувајќи единствен независен саем на уметност од овој вид во Македонија. Досега саемот претстави повеќе од 450 независни автори учесници од 39 земји, наведува „Ин ситу“.
Бојана Стојменовска, организатор на саемот, истакнува дека „Ин ситу“ воспоставува комуникација помеѓу локалното и меѓународното по повеќе основи.
– Пред сѐ, во контекст на исклучителните и сериозни соработки вклучени во процесот на презентирање на поставките и програмата, потоа преку квалитетот на условите за изложување на независната сцена, а воедно и во однос на разновидната програма која не само што создава нова, многубројна публика и ја одржува љубопитноста, туку ја пласира македонската сцена како рамноправна со меѓународната, вели Стојменовска.