Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа пауза и ја напуштија седницата

Од:

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието побараа пауза, по што ја напуштија седницата.

Претходно, од вкупно 109 гласа, со 69 гласа „за“ и 40 „против“, Собранието ја усвои потребата законот за ратификација на договорот со Грција да биде донесен по скратена постапка.

Скратената постапка ја предложи министерот за надворешни работи, Никола Димитров кој образложи дека повеќе од неопходно е да се донесе законот по скратена постапка, за Грција да може да го извести НАТО за пoканата.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев истакна дека договорот е противуставен и прави непоправлива штета.

„Ова е капитулација, договорот е современ геноцид на нашето постоење. Тој е едностран, Македонија прифаќа ултиматум. Со спогодбата се наметнува ново име на државата под уцена“, рече Данев.

Паралелно, пред собранието се одржуваат протести против промената на името и ратификување на договорот со Грција.

Договорот за промена на името, со кој се решава спорот меѓу Македонија и Грција, денеска е ставен во процедура за ратификација пред пратениците. Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува истиот да биде ратификуван до крајот на неделата.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски