Вчера околу 12:30 часот во прилепско при лов на диви свињи Ж.Т.(1959) од својата пушка „ЦЗ“ кал.12мм, испукал во правец на Б.Р.(1977) кој бил оддалечен на околу 25 метри, при што го погодил и му нанел тешки телесни повреди.
На истиот му е укажана лекарска помош во ЈЗУ „Борка Талески“ – Прилеп, каде е задржан на лекување.
Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-Прилеп, при што одемени се ловната пушка на Ж.Т. и ловната пушка на Б.Р. марка „ТОЗ-63“ кал.16мм, за вештачење.