На францускиот И-беј, се продава куќа во селото Арбресле, и тоа за само 1 евро. Се верува дека куќата е проколната, па поради тоа цената е толку ниска.
Се работи за куќа од 110 квадрати, и уште 350 квадрати двор.
Според описот, во 1950 година се случило убиство во куќата, и од тогаш има немирни духови. Полицијата никогаш не го потврдила случајот, ниту пак се пронајдени тела, но продавачот тврди дека тоа е така.