Владата ги осудува говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани

Од:

Владата на Република Македонија најостро го осудува насилството, говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани, кои имаат за цел да манипулираат и да ги вознемируваат граѓаните на земјата.

Владата во денешното соопштение наведува дека категорично, согласно овластувањата и законите ќе ја штити безбедноста на граѓаните и институциите и нема да дозволи изолирани групи со насилство да го нарушуваат јавниот ред и мир за да шират атмосфера на страв и несигурност.

– Повикуваме на разум и на конструктивна атмосфера за дебата и јавно информирање, сè со цел секој граѓанин на Македонија да има можност да донесе сопствен став пред одржување на референдумот којшто следува и слободно да одлучат за македонската просперитетна иднина. Без страв, заплашување и притисок. Ги повикуваме граѓаните да внимаваат и со воздржан однос да ги препознаваат лажните вести и дезинформациите кои се шират преку социјалните мрежи, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Од Владата посочуваат дека сега е моментот сите политички субјекти кои постојано велат дека Македонија нема друга алтернатива за членството во НАТО и во ЕУ, да покажат елементарна политичка одговорност.

– Сега е време да се биде чесен кон граѓаните и да се покаже на дело поддршката за европската иднина на Македонија, се вели во соопштението.

Од Владата истакнуваат дека секој кој ги повикува граѓаните на насилство, има одговорност. Повикот на насилство нема само етичка и морална одговорност, туку и кривична, во согласност со кривичниот законик.

– Предизвикувањето немири и несигурност е единствената цел на структурите што стојат зад овие немири, а тоа е во целосна спротивност на интересите на нашите граѓани. Омразата и насилството се штетен концепт и не се избор на граѓаните на Република Македонија. Граѓаните на нашата земја избраа иднина за сопствената безбедност, за економски развиена земја, еднаква со другите во регионот и рамноправна членка во НАТО и ЕУ. Случувањата како оној на 27 април минатата година беа одлучно отфрлени од мнозинството граѓани, се наведува во соопштението.

Конечниот договор за решавање на македонско – грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство меѓу двете земји, за Владата на РМ, како што е наведено во соопштението, е почетокот на реалната и целосна интеграција на Македонија, најпрво во НАТО, а потоа и во Европската Унија.

– Тоа е победничкиот концепт за сопствената иднина што го избраа граѓаните на нашата земја. Тоа е интересот на огромното мнозинство од народот во нашата земја, посочуваат од Владата.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?