Вонредна седница на Советот на Кичево за ТЕЦ „Осломеј“

Од:

Претседателот на Советот на општина Кичево Аќиф Медиу денеска свика вонредна седница на која на дневен ред беше една точка – разгледување на состојбите при пуштење во работа на ТЕЦ „Осломеј“.

Уште на почетокот на седницата имаше обвинување од советниците на опозицијата дека на се интервенирало на време и дека раководните структури на ТЕЦ „Осломеј” треба да понесат одговорност. Од друга страна, пак, мнозинството се правдаше дека технички грешки се можни и се непредвидливи, не треба да се бара одма одговорност, но треба да се бара објаснување од надлежните иако причините се надминати односно раководството интервенирало и моментално ТЕЦ „Осломеј“, и затоа ситуацијата не треба да се политизира.

На крајот советот со мнозинство гласови усвои заклучок, со што ја задолжи комисијата за животна стедина да побара институционална информација од ТЕЦ „Осломеј”, а потоа да го информора советот на наредната сеница што точно се случило на 12 јуни во комбинатот. Опозицијата бараше да се формира нова комисија за да го испита случајот, но предлогот не помина.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС