220 тони сол фрлени на градските улици

Од:

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата ноќ и во текот на утрово интервенираа на критичните точки на градските сообраќајници и фрлија околу 220 тони индустриска сол за да се спречи појавата на голомразица.

Градските екипи интервенираа на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот, информираат од Град Скопје.

– Булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот Скопје се чисти и проодни, а екипите на зимска служба ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на теренот, нагласуваат од Градот.

Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат на законската обврска и да ги расчистат приодите кон нивните објекти.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он