Македонското друштво „Илинден”, со седиште во Тирана ќе учестува на 63-от Конгрес на Федералната унија на европските националности, ФУЕН, што ќе се одржи од 20 до 24 овој месец во Леуварден, Холандија.
– Конгресот го организира Советот на Фризиското движење, организација, членка на ФУЕН. Фризи етничка група е населена на крајбрежните делови на Холандија и Германија. Главно се сконцентрирани во холандските покраини Фризија и Гронинген, како и во Германија, Источна и Северна Фризија. На Конгресот ќе учествуваат 250 претставници на малцинствата од цела Европа, посочи Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото и учесник на Конгресот во изјавата за МИА.
Додава дека ова е уште една добра можност прпадниците на малцинставата меѓусебно да се сретнат, да разменат мислење и искуства и да разговараат со политичари, експерти и носители на одлуки.
Според Ѓурѓај „Илинден“ е единствено друштво што ги претставува Македонците од дијаспората на тој собир.
Македонското друштво „Илинден”, кон средината на мај 2015 година стана рамноправен член на ФУЕН.
Во ФУЕН членуваат повеќе од 90 друштва на прпадници на малцинства од 32 земји во Европа.