(ВИДЕО) Јанушев: Во наредните денови следуваат акции со кои ќе се обидеме да го спречиме менувањето на името

Од:

Во наредните денови ќе следат многу активности и настани, ќе направи се што е во согласност со Уставот и законите за да спречиме капитулација на државата, рече генералниот секреатар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на протестниот марш во Битола.

– Ние сме најголема партија во Македонија, без разлика што сме опозиција, ќе продолжиме да делуваме за добробит на сите граѓани и заштита на националните интереси на Македонија, рече Јанушев и додаде дека се што може да направат и преземат ќе направат за да го спречат менувањето на името.

Тој објасни дека првично денеска било планирано да се одбележи роденденот на партијата во Битола, но поради последните случувања се одлучиле да организираат протестен марш за да го искажат незадоволството од спогодбата склучена помеѓу Македонија и Грција.

Како што кажа Јанушев, црвената линија на ВМРО-ДПМНЕ е дека не се согласуваат на промена на Уставот со цел промена на уставното име.

– Тоа што денес се случи е класична капитулација. Ова е еден приватен договор на премиерот Зоран Заев кој што се обидува да го наметне на македонската јавност и на целата држава.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски