СДУ го поддржува договорот за името меѓу Македонија и Грција

Од:

„Социјалдемократската унија (СДУ) го поддржува договорот за името помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Лично цениме дека Република Македонија има направено премногу отстапки, но со овој договор е обезбеден Македонскиот идентитет, јазик и државност и пред се добивање покана за влез во НАТО како и датум за преговори со Европската Унија.

Со оглед на овој повеќедецениски проблем сметаме дека преговарачите вложиле надчовечки напори, знаејќи ги тврдокорните ставови на Република Грција. Го охрабруваме Парламентот да го ратификува, а претседателот Иванов да го потпише договорот.

Влијателните светски сили како САД, Брисел, Берлин па дури и Русија го поддржуваат овој договор. Конечно Република Македонија треба да се оттргне од “стегите” за подобра иднина и просперитет на идните генерации“ се вели во соопштението на Социјалдемократската унија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Чедо Николовски од СДУ: Малите партии или се со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ

Наум Локоски

Претставен независниот кандидат за градоначалник на Охрид Васил Ристески

Ана Ололовска

Предизборен митинг на СДУ во Штип и во Свети Николе

Ана Ололовска

СДУ: Ова е време на афирмација на изворната социјалдемокартија

Ана Ололовска