Двегодишно девојче денеска почина од удар на автомобил на улицата Скупи, кај скопско Бардовци, јави Канал5.
Сообраќајната несреќа се случила во 14:35 часот, кога автомобил удрил во девојчето на коловозот на улицата.
Автомобилот бил со тетовски таблички, а возачот е 32-годишен тетовчанец.
Веднаш откако го удрил, возачот го зел девојчето и со автомобилот го префрлил во Воената болница, каде лекарите констатирале смрт.
Полицијата изврши увид за да ги утврди причините за несреќата.