Градот убав – Отворање на Skopje Street Art & Graffiti Gallery

Од:

На 17-ти јуни (недела) со почеток во 20 часот, ќе биде отворена првата Галерија на отворено на урбана и графити уметност со наслов „ГРАДОТ УБАВ”.

Идејата за реализација на овој проект, потекна од објава на еден македонски интернет портал, во која архитектот Филип Конески дава идеја за т.н. „Галерија на отворено”, која би била сместена на бетонскиот потпорен ѕид, во сутеренскиот дел на Градскиот трговски центар. Главната идеја за поставување на галеријата токму во овој простор, според иницијаторот, е повторното враќање на автобуската постојка во рамките на подземната сообраќајница, за која тој верува дека ќе биде подобро искористена со овој проект.

Младинскиот културен центар, како организатор на настанот, поттикнати од одличната идеја, стапија во директен контакт со иницијаторот, а потем заедно, со несебичната поддршка на Градот Скопје и Градскиот трговски центар, идејата прерасна во проект во кој дваесетина локални уметници претходно одбрани на отворен конкурс: Антонио Илиевски, Блаже Атанасков, Давор Кешкец, Драган Китановски – Драш, Ермал Мусовиќ, Васил Димовски – Страјк, Цветан Неделковски, Ирина Цоневска, Иван Петрушевски – Флим, Марјан Димиќ, Миро Грчев, Младен Трендевски, Сали Ертунч, Сања Симоска, Селмир Алими – Есием, Зоки Мише – Шума, Трајче Павлов, Владимир Милиќ, Воскресија Андреевска како и идејниот автор и проектен координатор Филип Конески, ќе цртаат дела кои ќе останат современо визуелно обележје на Градот Скопје.

Проектот е дел и од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation), која претставува мрежа на 14 партнерски градови и институции (меѓу кои и Градот Скопје и МКЦ), на европското културно богатство и разноликост, чија цел е промоција на меѓународниот креативен сектор преку тренинзи, размени и изложби на визуелни артисти.
На отворањето на галеријата во недела 17 јуни во 20 часот, ќе настапи DJ Drazi Drags со свој диџеј сет.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска