Уметници инспирирани од европската и македонската литература

Од:

Вчеравечер во галеријата Акантус се отвори изложбата „Кроки во градината“. На оваа изложба се претставени дела на десет еминетни уметници, Горјан Ѓорѓиев, Славица Јанешлиева Бачварска, Маја Кировска, Срѓан Миќиќ, Моника Мотеска, Оливер Мусовиќ, Касиопеја Наумовска, Маја Рауник, Васко Серафимов и Тања Таневска.

Инспирацијата, овие уметници ја црпат од литературните дела на европски и македонски автори. Делата зборуваат за различноста на културите и религиите, за човечките суети, за бунтовността која е наша обврска, за етиката и за лажните вредности, за емпатијата, за фанатичните обичаи, за барање на убавината и сите сокови на животот. Овој процес на литературно читање и цртање има за цел зачувување на културното европско наследство.

На отворањето на изложбата Амбасадорот Семуел Жбогар истакна: „Би сакал да ја поздравам оригиналната идеја на Галеријата Акантус да реализира проект што ги обединува литературата и визуелната уметност. Изложбата „Кроки во градината“ е одличен пример за тоа како културното наследство може да инспирира современа уметност. Наша задача е да го негуваме културното наследство. Оттаму Европската Унија инвестира големи средства за негова заштита. Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме со организација на слични културни настани“.

Кураторот на изложбата Дијана Томиќ Радевска ќе рече: „Со оваа селекцијата на уметници, сакавме да споиме различни енергии, по темперамент, по сензибилитет, по различен ракопис во кој делуваат. А тие, го прифатија повикот, желни за слушање на читачот како во детските денови, желни за компетитивност, возбудени за создавање на својот нов запис и сето тоа да го споделат со нас. За тоа сме им навистина благодарни“.

Изложбата која што е дел од одбележувањето на Европската година на културното наследство, ќе биде отворена до 24-ти август.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска