Социјална работничка одзела дете оти мајката не сакала да му купи сладолед

Од:

Социјална работничка од Лондон обвини една мајка дека на своето дете не сакала да му купила сладолед, па и го одзела момчето.

Првостепениот суд ги прифатил барањата на социјалната работничка, и детето привремено било сместено во старателско семејство. Апелацискиот судија Мостин добил извештај од социјалната работничка на дури 44 страници, и по разгледување на случајот го вратил момчето на неговата биолошка мајка оценувајќи ги наводите на социјалната работничка како лоши и безначајни.

– Мајката во тие 44 страници е воглавно критикувана, но недостасуваат докази и конкретни примери за недостаток на грижа кон детето. Ја замоливме социјалната работничка да го наведе најдобриот пример за запоставувањето на потребите на детето од страна на мајката, на што службеничката одговори дека мајката не му посветувала доволно време на момчето и дека во една прилика не сакала да го одведе на сладолед, гласи образложението на судот.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија